Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНО НАДАВАЊЕ ПО ОГЛАС БР.01/2013
Untitled Document

Врз основа на член 34 од Статутот на Општина Охрид, а согласно доставениот Записник бр.02-2825/1 од Комисијата формирана со Решение бр.08-2301/1 и извештајот бр.03-2826/1 од одделението за јавни набавки, Градоначалникот на ден 10.06.2013 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

За поништување на постапката за јавното надавање по распишан оглас бр.01/2013 за поставување на урбана опрема

1.Се поништува постапката на јавно надавање по отворен оглас бр.01/2013 одржано на ден 04.06.2013 година за доделување на микролокации за поставување на урбана опрема.

2.Се разрешува Комисијата за спроведување на огласот формирана со Решение бр.08-2301/1 за спроведување на огласот бр. 01/2013 за доделување на микролокации за поставување на урбана опрема.

3.Се задолжува одделението за јавни набавки да ги преземе сите активности за изготвување на потребните документи, и известување до понудувачите по отворениот оглас 01/2013.

4.Поништената постапка за јавно надавање да се повтори со понудувачите кои доставиле документација по отворениот оглас бр.01/2013 заклучно со 31.05.2013 година.

5.Постапката за поништениот дел од огласот бр.01/2013(јавното надавање), ќе ја спроведе комисија формирана со Решение од Градоначалникот.

6.Решението да се достави до архива, членовите на комисија и одделението за јавни набавки.

7.Решението да се истакне на огласна табла и веб страната на општината заради информирање на учесниците на јавното надавање.

8.Ова Решение стапува на сила веднаш по донесувањето.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Согласно Правилникот за јавно надавање со бр.03-2302/3 од 21.05.2013 година, а врз основа на доставениот записник бр.02-2825/1 од Комисијата надлежна за спроведување на огласот бр.01/2013 и извештајот од одделението за јавни набавкибр.03-2826/1 , констатирани се низа неправилности во поглед на спроведување на постапката за издавање на микролокации за поставување на урбана опрема во делот на  јавното надавање одржано на ден 04.06.2013 година.Констатираните неправилностите се однесуваат во неможноста за непречено одржување на јавнотонадавање, неможноста за спроведување на конкурентност и поради договарање помеѓу понудувачите.
Со цел спроведување на јавно надавање согласно правилникот бр.03-2302/3 и овозможување на процесот на целосна конкурентност Градоначалникот донесе одлука како во диспозитивот.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ


Известување во врска со поништување на постапката за јавно надавање по оглас бр.01/2013

1.Согласно Решението донесено од страна на Градоначалникот бр.08-2829/1 по однос на оглас бр.01/2013 за поставување на урбана опрема, се поништува делот на јавното надавање кое се одржа на 04.06.2013 година.

2.Сите учесници кои доставиле комплетни понуди по наведениот оглас се покануваат да учествуваат на јавното надавање кое ќе се одржи на ден 12.06.2013 година.

3.Јавното надавање ќе се одржи во 15:00 часот во просториите на Општина Охрид.

КОМИСИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1235  пати
Објавено на: 11.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©