Младите кошаркари од основните училишта од Охрид , пред почетокот на натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Литванија, вечерва на Градскиот плоштад „ Св. Климент Охридски“ играа стрит- баскет. Тие беа дел од загрвањето пред масовното следење на кошаркарскиот натпревар меѓу двете репрезентации.
Младите кошаркари кои беа дел од спортско- забавниот хепенинг „Заедно да навиваме за Македсонија“ рекоа дека нивните постигнати кошеви ќе бидат поени за македонската кошаркарска репрезентација.
Извор: www.ohrid.gov.mk |