Согласно одлуката за дислоцирање на дел од такси стојалиштата,
донесена од страна на Советот на општина Охрид, деновиве интензивно се
работи на нејзино реализирање.Активностите течат според утврдената динамика,
при што се почитуваат сите прописи за ставање во функција на стојалиштата.
Од Одделението за сообраќај и улици информираат дека се направени сите
подготовки и деновиве, согласно одлуката на Советот, ќе биде дислоцирано и
такси стојалиштето кај маркетот ДОН на улицата „ Гоце Делчев“ .
Извор: www.ohrid.gov.mk |