Во денешната акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ која Владата на Р.М. неколку години наназад ја спроведува со цел да ја подигне свеста на населението за здрава и зелена Македонија,се вклучија голем број граѓани кои со своето учество дадоа придонес во пошумувањето на делови во општина Охрид.
Во збогатувањето на дрвниот фонд садници на предвидениот локалитет Мазатар во селото Лакочереј учество зедоја и учениците од основните и средните општински училишта, а свој придонес дадоа и членовите на Советот на општина Охрид.
Во рамките на годинешната еднодневна акција со засадување дрва, учествуваше и советникот Ангел Јанев, кој активно се вклучи во придонесот за здрава и заштитена природа.
Локалната самоуправа во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите граѓански иницијативи, се со цел да даде свој придонес во унапредувањето на животната средина.
Извор: www.ohrid.gov.mk |