Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
Ј А В Е Н П О В И К за прибирање на барања за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авио превозници
Untitled Document

Врз основа на член  22 од Законот за локална самоуправа а согласно усвоениот годишен буџет на Општина Охрид за 2014 година, Комисијата за спроведување на оглас за доделување на финансиска поддршка објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К
за прибирање на барања за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авио превозници

1. Давател на финансиска поддршка е Општина Охрид.

2. Предмет на повикот е прибирање на барања за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авио превозници.

3. Доделувањето на финансиската поддршка се врши по пат на јавен повик.

4. Рокот на валидноста на барањата е 60 дена од денот на јавното отворање на барањата.

5. Документацијата за барања за учество во постапката за доделување на финансиската поддршка може да се подигне секој работен ден од 12:00 -15:00 часот по локално време, кај Комисијата за спроведување на оглас за доделување на финансиска поддршка или преку електронскиот систем за јавни набавки каде истата е прикачена.

6. Рок за доставување на барањата за учество во постапката за доделување на финансиската поддршка до 26.05.2014 година до 13:00 часот по локално време во Архивата на Oпштина Охрид.

7. Доставената документација по барањето за учество во постапката за доделување на финансиската поддршка треба да се изготви на македонски јазик или на англиски јазик со заверен превод на македонски јазик.

8. Јавното отворање ќе се оддржи на 26.05.2014 година во 13:00 часот по локално време во просторииите на Општина Охрид.

9. Доказите и документацијата кои на барателот се потребни за докажување на личната состојба, професионалната, економско-финансиската и техничката способност се дадени во образецот на барањето.

10. Корисникот на финансиската поддршка треба да ги изврши следните обврски:

најдоцна до 15 Јуни 2014 година да започне со оперирање на една дестинација два пати неделно на релација Аеродром Св.Апостол Павле –Охрид и некои од Аеродромите во Лондон/В. Британија и истата да ја одржува во периодот од 15 Јули до 15 Септември 2014 година, во текот на целата 2015 и 2016 година.

Новата дестинација да биде постојано опслужувана по однапред определен ред на летање за периодот на користење на финансиската поддршка.

Да обезбеди превоз на патници во пристигнување од Аеродромот Св.Апостол Павле –Охрид и некои од Аеродромите во Лондон/В. Британија најмалку 9600 годишно или минимум 800 на месечно ниво во целиот период на користење на финансиската поддршка.

11. Финансиската поддршка ќе се додели на авио превозник кој ги исполнил условите утврдени во барањето за финансиска поддршка и понудил најнизок износ на финансиска поддршка во евра изразени во денарска против вредност по патник во пристигнување.

12. Во рок од 10 дена по денот на јавното отворање ќе се изврши евалуација на барањата за доделување финансиска поддршка.

      Адреса на давателот на финансиската поддршка:
 
      ОПШТИНА ОХРИД
      ул. ,,Димитар Влахов,, бр.57
      6000, Охрид, Р. Македонија
      Телефон: +389 46262492
      Email:
      

Комисијата за спроведување на оглас
за  доделување на финансиска поддршка

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1254  пати
Објавено на: 09.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©