Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНА ТРИБИНА
Untitled Document

Советот на потрошувачи на Општина Охрид во соработка со Организација на потрошувачите на Охрид – ОПО  реализира одредени активности согласно Програмата за заштита на потрошувачите на Советот на потрошувачи на Општина Охрид за 2014 година  (Програма), заедно во соработка со сите заинтересирани страни.
 
Информирање на потрошувачите за алтернативните начини за решавање на потрошувачките спорови ќе се организира во просториите на малата сала во зградата на  општина  Охрид на 21 ноември 2014, петок, со почеток во 12.00 часот.
 
Предвидено е да се одржат излагања на темите кои се однесуваат на примената на Законот за медијација и можноста за спогодбено решавање на споровите помеѓу потрошувачите и бизнис операторите, како и искуството на ЕУ во оваа област, согласно програмата на јавната трибина која ви се доставува во прилог. 
 
Во реализација на семинарот треба да учествуваат претставници здруженијата на граѓани во општината - потрошувачи, стопанските комори, Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и претставници од општината.
 
Со почит,
 
                                                                                                          
 
Совет за заштита на потрошувачите                                                          Претседател,                 
во општина Охрид                                                                                        Вангел Спироски

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1341  пати
Објавено на: 19.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©