Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГОЛЕМА ТУРИСТИЧКА ПРОМОЦИЈА НА ОХРИД ВО ВИЕНА
Untitled Document

Во рамки на активностите за промовирање на Охрид како најатрактивна туристичка дестинација во регионот, утре ( 22.04 2016), градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески  заедно со Амбасадата на Р.Македонија  во Виена и почесниот конзул  на Р. Македонија во Австрија, Сузан Родлер, во Виена организираат голема туристичка  промоција   на Охрид. На случувањето  се очекува да присуствуваат  повеќе од 150 гости, претставници на  најголемите туроператори, туристички агенции и новинари за туризам во Австрија. 

Присутните на настанот   преку видео презентација ќе се запознаат со туристичката понуда на градот која изобилува со природните, културни богатства и богатата ризница  која ја нуди градот Охрид.Коктелот од традиционалните македонски јадења ќе го долови амбиентот на македонската кујна и барем за миг, присутните ќе имаат можност да  уживаат во традицијата, да им се предадат на вкусовите и да го збогатат  искуството.

Целта на случувањето  е презентација на туристичките потенцијали и убавините на Охрид на австрискиот туристички пазар. Воедно тоа ќе биде можност  за директни разговори со туристичките работници од Австрија со цел ставање на Охрид  на туристичката мапа на  австриските туристички агенции и туроператори . Активностите се во насока на  привлекување побројни туристи од оваа европска земја кај нас.   

Промоцијата на туристичките  потенцијали на Охрид  ќе се одржи во хотел „Бристол“, Виена со почеток во 18 часот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1369  пати
Објавено на: 21.04.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©