Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БАКРАЧЕСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ ОД УЗ ЦЕНТАР
Untitled Document

Во рамки на континуираната комуникација со граѓаните, денес, градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба со жителите од Урбаната заедница Центар.


Целта на ваквите средби е преку една непосреден контакт со жителите, да се разговара за нивните приоритетни потреби, како и за нивните идеи и предлози за кои сметаат дека е можна нивна реализација во средината во која живеат.  Токму низ едни вакви непосредни разговори со жителите од месните и урбаните заедници се произлезени голем дел од реализираните проекти или проектите чија реализација е во тек, а се од суштинско значење за населението.


Покрај градоначалникот Бакрачески, на средбите со граѓаните, кои ги реализира во континуитет од доаѓањето на градоначалничката функција, присутни се дел од неговиот тим од Локалната самоуправа и сите директори на Јавните претпријатија.
Ваквиот начин на работа на градоначалникот Бакрачески продолжува и понатака со остварување на средби со жители од други Урбани заедници.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1325  пати
Објавено на: 02.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©