Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД СЕ ВКЛУЧИ ВО ФОРМИРАЊЕТО НА СОЦИЈАЛНО – ЕКОНОМСКИ СОВЕТ НА ЛОКАЛНО НИВО
Untitled Document

Со трибината, што денес се одржа во просториите на општинската зграда, Локалната самоуправа ја поддржува кампањата за формирање на економско – социјални совети на општинско ниво. Целта е поттикнување на соработката помеѓу социјалните партнери – синдикатите, работодавците и локалната самоуправа.

Формирањето на заедничкото економско-социјално тело, сметаме дека ќе значи институциализирање на социјалниот дијалог, кој понатака ќе треба да донесе поприфатлива материјална  и економска положба и на работниците и на работодавците во општината, како и поттикнување на методите за мирно решавање на работните спорови. – изјави градоначалникот Никола Бакрачески

Како локална власт, заинтересирани сме за отпочнување на системски дијалог помеѓу сите социјални партнери, чија што основна цел ќе претставува усогласување на потребите, барањата и реалната можност за подобрување на социо-економската состојба на нашите граѓани. Во таа смисла општина Охрид, ја подржува иницијативата и во рамките на законските можности ќе ја стимулира секоја форма за воспоставување на дијалог помеѓу сите субјекти. Нашата цел, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и инвестирањето во проекти кои ќе ги зголемат економските параметри на општината е дел од економската политика и мерките за социјален развој и стабилност на општина Охрид. – додаде градоначалникот Никола Бакрачески

Локална самоуправа очекува предлозите, мислењата и препораките кои ќе произлезат од денешната трибина да претставуваат основа за натамошна соработка.

Општина Охрид ќе го подржи секој дијалог кој ќе има придонес за разрешување на актуелни социо – економски прашања во општината.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1240  пати
Објавено на: 22.11.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©