Охрид, денеска, со повеќе манифестации ја одбележува 109 годишнината од
смртта на корифејот на Македонската револуционерна борба, Христо Узунов.
Чествувањата започнаа со достоен историски час посветен на херојската
погибија на Христо Узунов и неговата чета. На спомен обележјето на
Христо Узунов се поклонаа и положија цвеќе делегациите на општина Охрид,
Основното училиште кое го носи неговото име „Христо Узунов“ , политичките
партии, бројни здруженија на граѓани и поединци почитувачи на ликот и делото
на Узунов.
Свеченоста продолжи во с. Цер – Кичевско, каде што се одржа панихида во чест
на херојот. На паметникот на херојот се поклони и делегацијата на општина
Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |