Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИЦИТЕ ЈП “КОМУНАЛЕЦ“ ГИ ИСЧИСТИ ВИКЕНД НАСЕЛБИТЕ
Untitled Document

 Во пресрет на новогодишните празници и со оглед на тоа што се очекува периодов  викенд куќите  да бидат  посетени од  сопствениците, екипи на  Јавното Претпријатие “Охридски Комуналец“  генерално ги расчистија јавните површини во викенд населбите  во градов, кај “Даљан“,“ Охридати“, месноста Лагадин и Пештани. Исчистени се и улиците низ  охридските села.
Овој месец екипи на “Комуналец“ работеа  на монтирање на светлечките  новогодишни реквизити како и во ископување на каналот за санирање на електричниот дефект  за непречено функционирање на лизгалиштето на мраз.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1241  пати
Објавено на: 20.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©