Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД – ГРАД ПАРТНЕР НА ТРЕТИОТ МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ВИНО И ТУРИЗАМ „ЖУПА 2014“ ВО АЛЕКСАНДРОВАЦ – Р. СРБИЈА
Untitled Document

Во рамките на третиот Меѓународен саем за вино кој се одржа на 02-03. 05. 2014 во организација на Оштина Александровац, и оваа година Општина Охрид учествуваше како град партнер.  

На саемот Општина Охрид ja претстави богатата туристичка понуда,  квалитетните вина на локалните винарии, како и дел од вкусните и мајсторски приготвени специјалитети на домашните производители на прехрамбени производи.
Претставниците на Општина Охрид со претставници на Општина Александровац, разменаа Меморандум за соработка и партнерство, со цел поттикнување на меѓусебната промоција на туризмот и услугите како и унапредување на деловната соработка помеѓу локалните стопанственици.

Во знак за успешна соработка помеѓу двете општини од страна на Градоначалникот на Општина Александровац, Г-дин Југослав Стајковац на делегацијата на Општина Охрид и беше доделена Благодарница за учество на саемот и досегашната меѓусебна соработка.
Вториот ден од саемот беше наменет за посебна промоција на Општина Охрид во рамките на која градот Охрид беше промовиран пред присутните гости, при што беше извршена дегустацијата на вино која побуди голем интерес кај гостите на саемот.
Oд страна на бројните туроператори, туристички агенции и новинари присутни на саемот, беше пројавен голем интерес за богатата туристичка понуда како и за квалитетните вина на локалните винарии од охридскиот регион, а воедно поголем број на телевизии и пишани медиуми направија прилози за Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1273  пати
Објавено на: 06.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©