Во рамки на својата работна посета во Македонија, денеска
Претседателот на Собранието на Канада , Ендру Шер престојуваше во Охрид.
По ручекот ,што во чест на Ендру Шер го организира Роман Вашчук -
нерезидентен Амбасадор на Канада за Република Македонија чие седиште е во
Белград , а на кој присуствуваше и градоначалникот на Охрид Никола
Бакрачески , гостите во придружба на градоначалникот ги разгледаа
најрепрезентативните културно историски знаменитости во градов.
Тие ги разгледаа црквата Св. Пантелејмон и Св. Климент на Плаошник, Света
Софија , Галеријата на Икони и националната работилница за рачна изработка
на хартија.
На свечениот ручек кој повеќе имаше работен карактер, Бакрачески со вториот
човек на Канада Шер и амбасадорот Вашчук разговараше околу можностите
за соработка на полето на културата, спортот и образованието, како и за
можностите за привлекување канадски компании во слободните индустриски зони.
Воедно Градоначалникот ги запозна гостите и со досега реализираните контакти
со канадски фирми за инвестиции во Охрид.
Пред доаѓањето во Охрид претседателот на Собранието на Канада
Шер, имаше средба со бизнис заедницата во Република Македонија, а
вечерва е предвидена и вечера што во негова чест ја организира
фондацијата “Macedonia 2025“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |