Претставници од општина Охрид, од 7 до 10 април , во Каен учествуваа на одбележувањето на 10 годишнината од востановувањето на децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија- Франција и Република Македонија. На приемот во Регионалниот совет на Долна Нормандија беше презентирана соработката со Република Македонија како и начинот на размена на искуства на партнерите. Општина Охрид го пренесе своето искуство во соработката со Општина Каен, со која е потпишан Протокол за сораработка во 2009 година и активностите за имплементацијата на проектот ,,Изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид” .
Во Регионалниот совет на Долна Нормандија претставниците од двете страни ги презентираа предизвиците на институционалната соработка, долгорочни размислувања и капитализирање на искуствата за локалните единици, соработка со Балканот и како да се вреднува различноста на европските идентитети, децентрализираната соработка и економската отвореност.
Извор: www.ohrid.gov.mk |