Во рамките на своите редовни работни обврски, општинскиот инпекторат вчера на локалитетот Плаошник евидентира и санкционира нелегегален туристички водич, кој без лиценца водел група туристи. Лицето од Полска, спротивно на Законот за туристичка дејност на група Полски туристи им организирал обиколка и разглед на културно-историските знаменитости од Охрид и извршил презентација на овие локалитети, иако за тоа не бил овластен и не поседувал легитимација за вршење на дејност . Инспекторите за туризам, согласно член 67 од Законот за туристичка дејност веднаш му изрекле мерка глоба во висина од 400 евра во денарска против вредност.
Согласно Законот за туристичка дејност, овластен туристички водич мора да поседува лиценца и легитимација за вршење на дејност на територијата на општина Охрид, издадена од соодветна институција. Секое непридржување кон законските норми подлежи на санкции. Хотелските објекти должни се на видно место да истакнуваат информации за организирање на групи за разглед на локалитетите во Охрид и лицата, лиценцирани туристички водичи, кои треба да ги придружуваат.
Сите акции и контроли кои ги извршуваат инспекторите по туризам, координирано со останатите инспекциски органи, во текот на оваа летна сезона, треба да резултираат со воведување ред во туристичката дејност и подобрување на туристичкиот амбиент во Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |