По повод празнувањето на најголемиот христијански празник, „Христовото воскресение- Велигден“ , градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до граѓаните на Охрид од православна вероисповед.
-Со особена радост и задоволство, на сите граѓани од православна вероисповед и на илјадниците туристи кои ќе престојуваат во Охрид им ги честитам Велигденските празници и им посакувам здравје, среќа,благосостојба , Христова љубов и спокој во секој дом и секое срце. „ Христовото раѓање- Велигден“ е возвишен ден, торжествена радост од која бликаат љубовта и надежта. За да го доживееме воскресението Христово“ , од кое се роди богоугодната радост, ние треба да живееме во духот на вистината и правдата, во духот на трпението и миосрдието и во духот на верата во добрите дела.
Прославувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе на светот. Затоа да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајна љубов, да ја шириме и јакнеме верата и да ја јакнеме наионалната, меѓунационалната и мулти-конфесионалната толеранција и да го зачуваме и развиваме нашиот културен и национален идентитет.
Нека ни е честит Великиот ден-Воскресение Христово и нека Господ нé обдари со сила, верба и благослов, за да го сочуваме, негуваме она што ни го дал како наследство, чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно- се вели во велигденската честитка на градоначалникот Никола Бакрачески.
Извор: www.ohrid.gov.mk |