Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПО 16-ти ПАТ ВАСИЛИЧАРСКИ КАРНЕВАЛ ВО с.КУРАЈЦА
Untitled Document

Курајчкиот карневал традиционално по 16-ти пат се одржува оваа година. Оваа година манифестацијата ќе трае 3 дена.

Традицијата што ја наследивме ја продолжуваме. По 16-ти пат, шеснаестото издание на курајчкиот карневал во Куратица, веќе е подготвен. Оваа година манифестацијата ќе трае 3 дена, што значи дека почетокот беше синоќа со настап на „DJ Nasty Deluxe“ која траеше до 2 часот после полноќ. Традиционалниот дел на карневалот започнува вечерва во 18.00 часот со збирање на групата околу василичарскиот оган. Таа секогаш брои околу 200 – 300 луѓе кои во 19.00 часот тргнуваат во посета на секоја куќа во селото, целата оваа манифестација завршува во 04.00 часот по полноќ. Следниот ден во 11.00 часот започнува припремата на традиционалното јадење варењца Кулминацијата на Курјачкиот карневал ќе биде вечерта почнувајки од 18часот – изјави Горан Ангелкоски претседател на месната заедница Курајца.

Оваа година целосно покровител на манифестацијата е Општина Охрид. За забава на посетителите ќе се погрижат Спасе Силјаноски и групата Маестрал од Битола, а водител на манифестацијата е Жанко З’ш Голабоски. Карневалот е со натпреварувачки карактер. Ќе се избираат најубави детски и возрасни маски. Организациониот одбор на карневалот Ве поканува, а вооедно и Ви гарантира одлична забава.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1283  пати
Објавено на: 13.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©