Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГЕРМАНСКА ПОДДРШКА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ КАЈ КАНАЛОТ „СТУДЕНЧИШТА“
Untitled Document

Со потпишување на договор за финансирање  помеѓу  градоначалникот Никола Бакрачески , амбасадорката на  Сојузна Република  Германија во Република  Македонија Н.Е. Кристине Алтхаузер и директорката на ЈУДГ „Јасна Ристеска”, Розе Костеска  вчера   во просториите на германската амбасада во Скопје,  се официјализира почетокот на  проектот  за обнова и   реконструкцијата на детското игралиште кај каналот„ Студенчишта“.

Според договореното за реализација на проектот  Германската амбасада и доделува гранд на   општина Охрид     во вредност од 485,259.00  денари или  7 909 евра. Од овие средства    425,259.00 денари  ќе бидат наменети за  набавка и  инсталација на нови играчки за деца  а  60 000 денари ќе бидат наменети за обнова на заштитната ограда .

Во моментов општина Охрид ја  подготвува тендерската документација за градежните активности    кои се однесуваат на  реконструкција на игралиштето.

Вкупната вредност на проектот се проценува на 707,711.00 денари .

Игралиштето кај каналот „Студенчишта“ е изградено во 2005 година  со донација на ТЕЛЕКОМ и од тогаш не е обновено.

Изминатиов период  општина Охрид во континуитет со свои проекти аплицира и  добива финансиска поддршка   од   амбасади во државава. Со германска поддршка се реконструираа каптажите во село Куратица а австралиски донации  доби и Центарот за згрижување на деца со посебни потреби  „Зраци“. Со странска помош  опремени се простории во охридските училишта и реализирани се други проекти.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1339  пати
Објавено на: 15.07.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©