Градоначалникот Никола Бакрачески, во рамките на своите надлежности, во соработка со Центарот за јавно здравје, Факултетот за биологија и Управата за ветеринарни работи, покрена иницијатива за итно креирање на стратегија за ефикасно справување со наездата на засега неидентификуван вид на пеперутки во Охрид.
Се очекува во текот на денот или утре, како што рече Бакрачески, да биде прецизиран начинот на кој ќе биде решен проблемот.
-Во текот на вчерашниот ден стапив во контакт со Центарот за јавно здравје и беше договорено постојано да сме во контакт, да се координираме со сите надлежни служби, Факултетот за биологија и Управата за ветернарни работи со цел да се идентификуваат причините за наездата во овој период, начините на кои ќе се изврши дезинсекција и потребните механизми. Се надевам дека денес или утре ќе имаме изградена стратегија како да се справиме со проблемот, изјави градоначалникот Бакрачески.
Градоначалникот информира дека се работи и на утврдување на соодветниот начин и термин за запрашување против комарци, со оглед на тоа дека годинава сеуште не е извршено земјено прскање против инсекти.
Извор: www.ohrid.gov.mk |