Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЖЦ “БИСЕРА“ СО ПОДДРШКА ЗА ПОТПИШАНИОТ МЕМОРАНДУМ МЕЃУ ОПШТИНА ОХРИД И ОПШТАТА БОЛНИЦА
Untitled Document

Женскиот Центар “Бисера“ денес  испрати   допис со кој   ја  поздравува и подржува  иницијативата на Општина Охрид  и неодамнешното потпишување на меморандум  со  кој Локалната самоуправа се обврза на  еднократна парична помош од по 5 000 денари за секое прво и второ родено бебе во семејството, чии што родители имаат постојано жителство во општина Охрид. Оваа стимулација е во насока на зголемување на наталитетот во општината и државата.


Во дописот стои:


Женскиот центар “Бисера“ ја поздравува иницијативата на Локалната и потпишувањето на меморандум за паричниот надоместок на секое новородено бебе, како стимулација за зголемување на наталитетот на град Охрид и Република Македонија.
 Женскиот центар “Бисера“ веќе подолг период е загрижен за состојбата околу намалување на наталитетот во Охрид , и затоа во годишната програма се –планирани активности за подигање на свеста кај младите за пораст на повеќедетни сесмејства.
Ги поздравуваме сите иницијативи кои се во интерес на жената и семејството како основна клетка на општеството.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1254  пати
Објавено на: 04.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©