Деновиве се интензивираат градежните работи за изградба на фекалната канализација меѓу Долно и Горно Лакочереј.Досега се изградени 400, а со забрзана динамика се очекува во кус временски рок да се заврши преостанатиот дел од 1000 метри.
-Мораме да ја забрзаме динамиката на изградбата на фекалната канализациона мрежа за да можеме да ги искористиме средствата од Агенцијата за патишта со кои ќе го асфалтираме патот меѓу Долно и Горно Лакочереј- рече денеска при посетата на оваа локација , градоначалникот Никола Бакрачески, објаснувајќи дека овој проект е реализирање на дел од неговата предизворна програма.
Согласно стратегијата на општината за консолидација на јавните претпријатија, градежните работи на канализацијата ги изведува ЈП „ Нискоградба“ .
Извор: www.ohrid.gov.mk |