Денешните активности кои беа предвидени по повод одбележувањето на
1 100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски се одложуваат
поради трагичните настани со човечки жртви кои се случија во
главниот град на Р. Македонија, Скопје и скопскиот регион за што е прогласен
и ден на жалост.
Денеска на Плаошник со почеток во 19 часот ќе биде одржана само
предвидената Богослужба.
Воедно, градоначалникот Никола Бакрачески и Општина Охрид
изразуваат сочувство до семејствата на загинатите и до Општина Скопје
за овие немили настани.
Извор: www.ohrid.gov.mk |