Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ВО ОУТУ “ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“ - „ОХРИД ОД СРЦЕ ЗА СРБИЈА И БОСНА“!
Untitled Document

Охрид деновиве живее со хуманоста, степенот на солидарност е огромен, но не само во Охрид, туку и секаде во Македонија.

Денес во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа хуманитарна акција за помош на населението од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.  Најмногу се донираа средства за лична хигиена, нерасиплива конзервирана храна, училишен прибор, храна за деца, тестенини, големи количества вода, облека и постелнина, млеко во прав, пелени, како и парични средства кои ќе бидат донирани на сметките за помагање на луѓето.
Горди сме што сме Македонци, горди сме на нашите ученици и професори. Покажавме дека имаме големо срце, дека сме училиште на солидарност. Ова е уште еден потег кој е за поздравување. Нашите срца се со луѓето од Босна и Србија.

- Целта е да му се помогне на населението од овие подрачја, но и развивање на свеста за хуманост кај најмладата популација за изградување во една здрава и хумана личност. Многу е важно што кај учениците се развива свеста за солидарност, да се даде помош во моменти кога на човек му е најпотребна, да се сочувствува со туѓата болка, да се размислува за природните катастрофи како нешто што може да му се случи на секому и секаде, но токму човечкото во нас истите може да ги ублажи. Подадената рака е утеха!

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1301  пати
Објавено на: 22.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©