На натпреварите на средните електро, машински и сообраќајни училишта од Република Македонја , кои во саботата на 10.05.2014 година се одржаа во Средното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје , учениците од ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ од Охрид , освоија најмногу награди и пофалници.
Првото место, во категоријата техничар за патен сообраќај го освои Добрила Тодороска, а втори места освоија Стефан Јованоски во категоријата, електротехничар за компјутерска техника, Светлана Тасеска во категоријата, техничар за патен сообраќај и Горан Трпчески во категоријата, електротехничар- енергетичар.
Натпреварите ги организира „Здружението на електро, машински и сообраќајни училишта во Република Македонија “, со поддршка од градот Скопје.
Извор: www.ohrid.gov.mk |