Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИЈА ДЕНОВИТЕ НА УЧЕНИЧКИОТ ТЕАТАР
Untitled Document

Со доделувањето на пофалници за младите актери и нивните ментори, денеска во Центарот за култура „ Григор Прличев“ завршија деновите на ученичкиот театар, што е дел од проектот „ Популаризација на театарот“ . Општина Охрид, проектот  го реализира во соработка со основните училишта,  Центарот за култура „ Григор Прличев“  и Охридскиот народен театар. Пофалниците на учесниците и наставниците им ги врачи заменик градоначалникот Ангел Јанев.

-Во текот на манифестацијата „ Денови од ученичкиот театар“   имавме можност да ги проследиме извонредните театарски изведби на учениците  од основните училишта, кои заедно со нивните наставници- режисери, својата креативност и талент ја прикажаа на  сцената  и  ги упатија пораките на хуманост, соживот,  победата на доброто над злото, победата на љубовта, цврстите семејни врски и доказот  дека сепак, крвта не е вода.
Оваа манифестација која годинава има ревијален карактер, се надеваме дека во иднина  ќе ја подигнеме на повисоко ниво  и  таа ќе добие и натпреварувачки карактер, бидејќи  ова е исклучителна можност за да се пробуди  креативноста  како кај наставниците така и кај најмладите
- рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.

Преку ликовите на  Дилбер Стана, Чорбаџи Теодос,  Арсо и младата бегалка  Ленче, учениците со успешни сценски настапи креирани од нивните наставници- режисери, соживувањето со ликовите и го пренесуваа на  публиката. Учениците изведоа  познати дела од  македонската книжевна историја од времето на преродбата.

Општина Охрид,  ќе продолжи да биде поддржувач на вакви културни проекти ,  преку кои младите се  потсетуваат  на сопствената историја, јазик, литература и вкупниот културен и национален идентитет.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1311  пати
Објавено на: 28.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©