Врз основа на член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, распишува :
1. Во чест на празникот „Св.Климент Охридски“ Патронот на Охрид за 2014 година, се распишува Конкурс за доделување на Повелбa – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ .
2. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за Општината што претставуваат посебен придонес за развој на Општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и светот, во изминатиот период од една година до завршувањето на конкурсот.
3. Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.
4. Во пријавата треба да достават кратка биографија и да образложат за какви остварувања конкурираат. Кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.
5. Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.
Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
6. Пријавите да се доставуваат на адреса: - Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57,
Комисија за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака „ЗА КОНКУРС“).