Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА 29 –ТИОТ ОХРИДСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
Untitled Document

Во сабота Охрид е домаќин на 29-от Охридски пливачки маратон. На  30-километарската патека „Климе Савин“ од манастирскиот комплекс Св. Наум до градското пристаниште  во водите на Охридското Езеро точно напладне  ќе запливаат 20 пливачи, 10 мажи и 10 жени  од Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил,  Канада, Германија, Хрватска, Русија,  Шпанија и Франција.

Како минатата  така и оваа година општина Охрид застанува зад целокупната техничка организација на овој голем меѓународен настан.

Охридскиот пливачки маратон, како  спортски настан со долгогодишна традиција и светско реноме   е од голема важност за Локалната самоуправа . Преку  него се афирмира Охрид како  развиен туристички центар кој треба да се посети. Токму поради тоа градоначалникот Никола Бакрачески и општина Охрид, ќе ја дадат максималната  логистичка поддршка  во насока на беспрекорна и успешна реализација на овој голем меѓународен спортски  настан. И годинава  Локалната самоуправа  заедно со сите јавни претпријатија   во соработка со Сојузот на спортови  и  охридската капетанија  застанува зад целосната техничка организација  на маратонот.  Тоа значи   поддршка околу организацијата  во поглед на чамци за придружба, контролни чамци, глисери, бродови, водител, нуркачи, спасувачки  екипи  како и  културно –уметничкиот дел на  манифестацијата. Во 16 часот во близина на градското пристаниште ќе започне  културно уметничката програма на која ќе настапат   Боби Мојсоски и групата „Билјана јуниор“- рече секретарот на општина Охрид , Димитар Спасески.

Јане Карајованов од Пливачката федерација на Македонија се заблагодари за несебичната поддршка на локалната власт во насока на успешен пливачки маратон и подвлече дека токму поради таа поддршка Охридскиот маратон ги добил највисоките оценки во светски рамки.  

Верувам дека ќе имаме  пријатни временски услови и топол ден. Сите други аспекти во поглед на безбедноста се исполнети. Имаме одлична соработка со градот Охрид и градоначалникот Бакрачески . Таа нивна несебична помош допринесе  минатата година да ја добиеме  најдобрата оценка од сите маратони во Светот. Се надеваме дека  годинава  ќе имаме и поголема  оценка од лани .До година нашето место е загарантирано во FINA – рече Карајованов.

 Според техничкиот делегат  на FINA, Џон Хестои  исполнети се сите услови за успешно издание на годинешниот охридски пливачки маратон. 

Можам да кажам дека годинава имаме голема конкуренција, привилегија е да се биде во овој град. Благодарност за сите кои учествуваа во организација на овој голем настан . Тоа е голем влог. Признавам дека сте одлични домаќини. Сум учествувал и сум видел многу пливачки маратони , но мора да признам дека е привилегија да се биде на охридскиот пливачки маратон затоа што езерската вода е преубава со убава температура. Ги имаме сите предуслови за добра трка- потенцира  Хестои.

Годинава боите на македонското знаме ќе ги бранат пливачите, Томи Стефаноски и Евгениј Поп Ацев.

Се надевам дека во сабота ќе имаме убаво време и добра трка. Се надевам дека публиката ќе ужива и ќе имаме поддршка од навивачите. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред и дека најдобриот ќе победи. Оваа година беше тешка за мене. Учествував и на 10 километарските трки, на гранд при трките и на светското првеннство. И покрај здравствените проблеми што ги имав се надевам дека во сабота се ќе мине во најдобар ред- изјави Поп Ацев.

Во сабота во  езерските води ќе запливаат и  најдобрите пливачи според светските ранг  листи. Генерален покровител на настанот е претседателот на државава Ѓорге Иванов. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1333  пати
Објавено на: 27.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©