Градоначалникот Никола Бакрачески денес беше во селото Велгошти каде по
традиција на најголемиот христијански празник – Велигден
се одржуваат две спортски игри: натпреварот во коњички трки и влечењето со
јаже меѓу мештаните од горното и долното селски мало .
Илија Крлески беше победникот во коњичките трки, при што на тројцата
најдобро пласирани натпреварувачи градоначалникот Бакрачески им ги
врачи пехарите и симболичните парични награди.
Во влечењето со јаже поголема среќа имаа натпреварувачите од горното мало
кои како победници на трката беа наградени со живо јагне и буренце со
вино.
Со намера овие две традиционални спортски игри во Велгошти да
добијат поголема масовност и за нив да осознаат не само мештаните туку и
пошироката охридска и македонска јавност, градоначалникот Бакрачески истакна
дека локалната самоуправа и лично тој, максимално ќе се вложат во
поголема афирмација на двете спортски случувања . Градоначалникот вети дека
Општината ќе создаде услови и секое ново наредно издание ќе го збогатува
со нови автентични содржини кои му прилегаат на селото Велгошти а како такви
ќе бидат интересни и привлечни не само за охриѓани туку и за гостите и
туристите од земјава и странство.
Во рамки на Велигденските празнувања градоначалникот Никола Бакрачески го
посети и манастирскиот комплекс “Св. Петка“ , каде преку
традиционалните верски обичаи за сите верници посака здравје , љубов и
благосостојба како основа на добриот заеднички соживот и
напредок.
Извор: www.ohrid.gov.mk |