Охриѓани кои пазарат на охридскиот зелен пазар од вчера имаат можност
своите автомобили бесплатно да ги паркираат на улицата
“Туристичка“ покрај градскиот пазар на просторот од аптека “Зегин“ до
пешачкиот премин. Бесплатното паркирање е предвидено само за
купувачите на пазарот за период од 30 минути а по надминувањето на
рокот ќе се наплаќа 20 денари по час. Бесплатното паркирање
и минутажата ќе бидат контролирани од надлежни лица на јавните
претпријатија “Билјанини Извори“ и “Градски пазар“. Овие две охридски
претпријатија со ваквата меѓусебна соработка настојуваат
битно да влијаат во намалување на давачките кои ги имаат охриѓани, да
привлечат повеќе купувачи и да ги подобрат условите за пазарување на
зелениот пазар.
Извор: www.ohrid.gov.mk
|