Мета на несовесни граѓани во изминатите неколку денови беа и
сообраќајните знаци во централното градско подрачје. Ваквите вандалски
чинови се забележани и врз другите јавни добра на територија на општина
Охрид. Локалната самоуправа, апелира до граѓаните за поголема грижа и
заштита на јавните добра и ги замолува доколку забележат било каков случај
на уништување, веднаш да го пријават до надлежните инспекциски служби и
полицијата.
Извор: www.ohrid.gov.mk |