Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД СО МАКСИМАЛНА ПОДДРШКА НА „OHRID CALLING“
Untitled Document

 Илјадници гости од земјава и странство се очекуваат на првото издание на „Ohrid Calling“ , што во организација на општина Охрид и  АВАЛОН Продукција  се одржува во Охрид.
 На 1-ви август стадионот „Билјанини извори “ е резервиран за настапот на моментално најбараното име  од долгата листа диџеи од Холандија, Ники Ромеро . На 13.август на Атички театар ќе настапи гитаристот Ал Ди Меола, а на 14.август на стадионот „ Билјанини извори“ концерт ќе имаат славните Продиџи. 

Програмата на фестивалот  на кој ова лето ќе учествуваат светски познати музички имиња, во иднина,  со поддршка на Локалната самоуправа,  туристичките агенции и хотелиерите  ќе се проширува. Ова беше речено на  работната  средба на претставниците од Секторот за туризам и локален економски развој,туристичките работници и АВАЛОН продукција.

Од АВАЛОН продукција соопштија дека за ваквите големи музички настани интерес има не само во Охрид и Република Македонија, туку дека добиле најави за организирани посети од Србија, Бугарија, Косово и Албанија. Тоа според нив е добар показател и мотив за идната година  со поддршка на општина Охрид, охридските туристички агенции, хотелиерите и фестивалот да се проширува и да се организираат повеќе големи музички настани во текот на шпицот на главната туристичка сезона. 

Ако се има во вид дека Охрид е препознатлив бренд, со богата историја и култура, природно богатство и многу настани, организирањето на фестивалот Ohrid Colling, како што беше речено на работната средба, битно ќе ја подобри вкупната туристичка понуда.
Актуелната,  е прва  Локална власт која максимално ги подржува ваквите  музички манифестации со светско реноме.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1403  пати
Објавено на: 22.07.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©