На Градскиот плоштад, денска, со пригодна свеченост се одбележа Светскиот
ден на мирот. По тој повод членовите на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца,
симболично маршираше од нивното седиште по Кеј Македонија до Градскиот
плоштад. Во име на градоначалникот на Охрид, се обрати заменик
градоначалникот, Ангел Јанев кој упати порака за сочувување на мирот и
негување на различните вредности.
- Не само
овој, секој ден е божји и треба да се потсетуваме дека неубавите работи
зависат од луѓето. Но и убавите, прекрасните, како: домот,
семејството, слободата, мирот, добрососедството, почитувањето на блиските и
помалку блиските, на оние кои се од иста но и од различна религија, боја,
убедување, размислување. Почитувајки ги овие вредности, го создаваме и
градиме мирот, слободата, личноста, градот, сопствената држава и сопствениот
идентитет. Потсетувам многу генерации дека: Се што постои во некоја друга
земја може да се оствари и во Македонија, Но, се што има во сопствената
земја, го нема во странска земја. Да се зборува на мајчиниот јазик,
Да се движите слободно, Да се чуствувате слободно, Да заработувате и
напредувате, Да створите дом и семејство, во сопствената земја, на
сопствениот јазик. Е тоа е мирот и слободата. Изборот е наш, рече
заменик градоначалникот Јанев.
Од страна на актерот, Ивица Цонев, беше прочитана годинешната порака за мир
од Генералниот секретар на Организацијата на Обединети нации, Бан Ки Мун,
која гласи:
- Секоја
година, по повод Меѓународниот ден на мирот, Обединетите нации бараат
светските народи да се сетат на нивната хуманост и да се обединат во
градењето на слободна иднина. Обединетите нации не повикуваат да учествуваме
во еден ден без насилство и со глобален прекин на огнот да оддадеме почит на
престанокот на конфликтите во текот на овој ден, стои во пораката
од Бан Ки Мун.
Свое обраќање пред присутните имаше и претседателот на Сојузот на борци од
Охрид и Дебрца.
- Меѓународниот
ден на мирот го изразува најдлабокиот копнеж на народите за заеднички живот,
слобода и еднакви слободи и права. Темата за 2016 година е “Градење на
блокови за мир” со цел да се одбележи 32 – годишнината од усвојувањето на
Декларацијата за мир меѓу луѓето и народите, од страна на Обединетите нации,
истакна Гоце Ѓорѓиевски.
Во рамки на манифестацијата се одржа и културно уметничка програма од страна
на децата од општинските основни училишта и најмладите од детската градинка.
Извор: www.ohrid.gov.mk |