Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЅВЕЗДЕНО НЕБО НАД ОХРИДСКАТА ЧАРШИЈА
Untitled Document

До средината  на  наредната недела  во целосно новогодишно руво треба да блесне Охрид. По украсувањето на периферните делови во тек е декорирањето  на чаршијата и останатото централно градско подрачје. Фирмата „Метал Ват “ од Скопје која по претходно објавен јавен оглас на општината  беше избрана за најповолен понудувач ги декорира охридската чаршија, ул. „Македонски Просветители“, кеј „Македонија“, градскиот парк , пристанишниот простор, плоштадите „Св. Климент Охридски“ и „Крушевска Република“ и  крак од ул. „Гоце Делчев“ односно  старата охридска чаршија.  Останатите јавни површини во градов Општина Охрид   ги декорира со реквизитите кои ги има на располагање од минатите години.

Годинава за прв пат украсувањето на   чаршијата покрај со зеленило  ќе биде дополнето со ѕвездено небо  кое ќе блесне по целата нејзина должина од градскиот плоштад до чинарот .  
Новина годинава  е и украсувањето  на Светилникот на охридското пристаниште, а на плоштадот „Св. Климент Охридски“ покрај останатите светлечки реквизити ќе има и детски тунел.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1365  пати
Објавено на: 11.12.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©