Продолжуваат активностите за санирање на оштетените делови низ улиците во стариот дел на градот кои започнаа пред десетина дена. Екипи на ЈП „Ниско градба“ и „Градски гробишта“ денеска ќе вршат санирање на калдрмата на потегот кај црквата Св. Софија, при што се преуредуваат коцките од калдрмата онаму каде што има нејзино оштетување, а просторот околу црквата ќе се уредува. Паралелно со уредувањето на ул. „Коста Абраш“ се врши санација на оштетувањата и на ул. „Цар Самоил“. Инаку, градежните активности започнаа од просторот кај малиот плоштад и ќе опфатат санација на оштетувањата на сите улички во стариот дел на Охрид.
Во насока на уредување на старото градско јадро изминатиов период, започна разубавувањето и во населбата Канео. Заради големата фрекфенција на луѓе во овој дел од градов , посебно во текот на летната сезона, се започна со реконструкција на постоечките потпорни ѕидови, кои претсавуваат опасност по безбедноста на минувачите, а заради поголема заштита ќе се подигнуваат и нови. Исто така се планира поставување на ново осветлување односно замена на старите со нови фенери ќе добие и патеката што води кон црквата посветена на „Св, Јован – Канео“. Овај дел од градот ќе добие нови зелени површини и хорти културно ке се дооплеменува.
Извор: www.ohrid.gov.mk |