Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ПОСТАВУВААТ ШАХТИ НА ФЕКАЛНАТА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО ЛЕСКОЕЦ
Untitled Document

Јавното претпријатие „Нискоградба“ активно работи на овозможување приклучоци на новоизведена фекална канализација на улицата „ Илија Смически“ во селото Лескоец. Во текот на изминатиот месец од страна на екипи на ЈП „ Нискоградба“ изведени се работи на формирање на премини преку улицата, изработени се 12 шахти со длабочина поголема од 2 метри како и поставени  се 150 метри секундарна канализациона мржа со профил од Ф 200 мм.

Со завршување на оваа фаза жителите на овој дел од селото Лескоец конечно ќе го решат проблемот со одведување на отпадните води, а со тоа се овозможува чекор напред кон зачувување на животната средина  и  подобрување на  квалитетот на живеење на населението. Вредноста на изведените работи изнесува 780.000 денари.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1281  пати
Објавено на: 12.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©