Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ дваесет и третата седница на Советот на општина Охрид на ден 16.05.2014 година ( петок ) со почеток во 12,00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записници од 21-вата и 22-рата седница
- Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“-Охрид за усвојување на физибилити студија.
- Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за започнување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2014 година .
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната Програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2014-2016 за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште 2014-2016 година за периодот од 01.01 до 31.03. 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2014-2016 година за периодот од 01.01 до 31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за јавна чистота за периодот од 01.01 до 31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за јавно осветлување 2014-2016 година за периодот од 01.01 до 31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2014-2016 година за периодот од 01.01 до 31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2014-2016 година за периодот од 01.01 до 31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за периодот од 01.01 до 31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за периодот од 01.01 до 31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион и тековното работење на Центарот за развој, Годишната сметка и Годишниот финансиски извештај за 2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на финансискиот Извештај на РЕ Водовод Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Охридски Комуналец“-Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените разултати на ЈП „Градски гробишта“ Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето на ЈП „Погребни услуги“-Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето на ЈП „Билјанини Извори“ –Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
- Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за покренување иницијатива за оформување автопазар на територијата на општина Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП Градски Пазар Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП Градски Пазар Охрид.
- Предлог Одлука за авто-такси превоз на патници во општина Охрид.
- Предлог Одлука за отпочнување на постапка за стечај на туристичко биро Лихнидост ДООЕЛ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2014 година.
- Предлог Одлука за утврдување на почетната цена за поставување на рекламни паноа-билборди.
- Предлог Одлука за пренесување право на сопственост на движни ствари од општина Охрид на ЈП „Градски гробишта“ Охрид.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател,
Гордана Коњановска
Извор: www.ohrid.gov.mk |