Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10,51/11,123/12,93/13,42/14,44/15,129/15 и
39/16),Општина Охрид, на ден 28.12.2016г. донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Детален урбанистички план во УЗ 2, дел од УБ 2.4 опфат 3, КО Охрид 3, Општина Охрид кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
- Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Детален урбанистички план во УЗ 2, дел од УБ 2.4 опфат 3, КО Охрид 3, Општина Охрид кој го донесува Општина Охрид се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
- За планскиот документ Детален урбанистички план во УЗ 2, дел од УБ 2.4 опфат 3, КО Охрид 3,Општина Охрид за чија изработка е одговорна Општина Охрид, а го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат (почвата, флората, фауната, ендемичните видови )бидејќи Урбаниот опфат припаѓа во границите на делот од природно и културно наследство на охридскиот регион и заштитен од страна на УНЕСКО и е во контактната зона од Заштитената споменичка целина „Стариот дел на градот“. Во однос на потенцијалните влијанија е сензитивно подрачје бидејќи е во непосредна близина на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
- Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната .
Извор: www.ohrid.gov.mk |