Со цел подобрување на квалитетот на живеење на жителите во општина Охрид, екипи на ЈП „Нискоградба“ превземаат низа активности за поставување на линии за одведување на атмосферски води.
Денеска на улицата ’’ Крум Точков’’ беше поставена линија за одведување на атмосферските води.
Со оваа активност, општина Охрид е опфатена со мрежа за одведување на атмосферски води во должина од 31 километар.
Активностите кои што ги презема Локалната самоуправа и јавното претпријатие се во насока за целосно сепарирање на отпадните и атмосферски води и надминување на проблемите кои се јавуваат по време на дождовите.
Извор: www.ohrid.gov.mk |