Советот на општина Охрид ја одржа 21- та седница, која беше посветена на советничките прашања. Советниците поставуваа прашања за реализацијата на тековните и идните активности на Локалната самоуправа, поврзани пред се со проектите од комуналната сфера, урбанизмот, капиталните инвестиции, образованието и другите јавни дејности, како и за финансиската стабилност на општина Охрид.
На прашањата на советниците, со прецизни податоци и факти, одговараше градоначалникот Никола Бакрачески, при што потенцираше дека оваа Локална самоуправа работи законито, транспарентно и отчетно и дека резултатите од таквата работа ги чуствуваат сите граѓани на општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |