Во рамки на чествувањата посветени , Свети Климент Охридски- Патрон на градот, денеска , на градскиот плоштад се одржа музички хепенинг на кој учествуваа децата згрижени во детската градинка „Јасна Ристеска“ и учениците од охридските основни училишта.
По повод предстојниот празник, утре, во 16 часот од градскиот плоштад ќе има групно поаѓање кон Светиклиментовата црква на Плаошник. Во 18 часот, во ЦК „Григор Прличев“, ќе се одржи свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“, а половина час подоцна со свеченост патронатот ќе го одбележат и гимназијалците од ОСУ „Св. Климент Охридски”.
Извор: www.ohrid.gov.mk |