Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ МЕЃУ ОХРИДСКИТЕ ПРВАЧИЊАТА И УЧЕНИЦИТЕ
Untitled Document

Успешен почеток  на школската година   и среќно седнување во училишните клупи   на 5 11-те    првачињата   во градов   како и   успешно надополнување и надградување на веќе стекнатото знаење со ново   на повозрасните ученици  им посака денес градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески  кој на првиот училишен ден  беше меѓу првачињата и учениците  во основните училишта “Живко Чинго“ во село Велгошти и во “Христо Узунов“.

Градоначалникот  Бакрачески  во ОУ “Живко Чинго“ изврши обиколка  и ги разгледа условите за реализирање  и следење на наставната програма во оваа образовна институција во која со владина поддршка е поставена термо- изолациона фасада и се реконструирани санитарните јазли. 

Еден час подоцна Градоначалникот беше и меѓу првачињата и учениците  во ОУ  “Христо Узунов “ каде  ја проследи свечената програма по повод стартот на учебната  2014-15-та година.     

Без никаков проблем наставата може да почне во охридските основни и средни училишта , истакна градоначалникот, Никола Бакрачески.

Образованието  зазема посебно место во нашите работни програми.  За таа цел изминатата година презедовме бројни инвестициски зафати со што ги подобривме условите за работа на наставниот кадар но и за следење на наставната програма на учениците.    Како што и сами знаете со проектот за меѓуетничка интеграција заедно со УСАИД се изврши реконструкција на основното училиште “Братство и единство“ каде  беа комплетно заменети сите прозорци   и врати, беа реконструирани три училници и санитарните јазли. Во основното училиште “ Кочо Рацин“ во тек е замената на кровната конструкција и реконструкција на санитарните јазли  и како што знаете заедно со Министерството за образование се изврши реконструкција на ОУ “Живко Чинго“ во Велгошти во вредност од околу 6 милиони денари. Се реконструира фасадата односно се постави една  термо -изолациона фасада и беа реконструиран сите санитарни јазли во училиштето .    Овој период на летен распуст го искористивме за молерисување на просториите во сите   основни и средни училишта , хорти културно се уредија дворовите на училиштата  а во некои од нив се  интервенираше  во  санитарните јазли. Секако се реализираа и тековните активности, помали реконструкции , дезинсекција, дезинфекција, дератизација, рече  градоначалникот Бакрачески   и истакна дека за Локалната самоуправа  започна процес на решавање на имотно правните проблеми со кои години наназад се сочувале училиштата во Охрид.

За прв пат во историјата на Охрид ги започнавме процесите на решавање на имотно правните    односи на училиштата  кои што за жал до изминатата година воопшто не беа регулирани и тоа се прави со средства и елаборати кои ги финансира Општина Охрид  и ако се земе во предвид  во каква финансиска состојба  ги затекнавме ова значи многу . За дел од нив се запишани  правата во катастар, посочи градоначалникот Бакрачески.

Директорот на ОУ “Христо Узунов“, Тони Симоноски објасни дека со поддршка  на Локалната самоуправа  се реализирале бројни активности во летниот период.

-Извршивме   варосување на просториите , до уредување на наставничките простории , набавка на технички средства . Еден од поголемите зафати беше пристапноста до нашето училиште, уклучување на сигнализацијата како и хорти -културното уредување  на дворот, рече Симоноски. 

Учебната година на ниво на Општина Охрид започна за 511 првачиња,   4 808  основци и 2 298 средношколци или за 7 106 ученици кои од денес навлегуваат или повторно се враќаат во светот на знаењето.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1400  пати
Објавено на: 01.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©