Охридските јавни претпријатија, “ Комуналец“ и “Градски гробишта“
денес, започнаа акција на партерно и хорти -културно уредување на
неколку локации низ градов: холандскиот парк, “Горна Порта“ и внатрешноста
на Самуиловата тврдина. Посебна грижа ќе се води и за неодамна засадениот
дрворед на улицата “Партизанска“. По тој повод , утрово на терен
раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски
даваше инструкции на директорите на овие две јавни
претпријатија во однос на работните активности кои се очекува да завршат за
околу една недела.
Во акцијата ќе се чисти и средува холандскиот парк кај споменикот на А ден
Долар , каде ќе се поправаат поставените и демолирани надворешни фитнес
велосипеди. Исто така ЈП “Охридски Комуналец“ ќе
води посебна грижа за од неодамна реконструираниот дрворедот
по ул.„Партзанска„. Во акцијата е опфатен и влезот во стариот дел на
Охрид кај “Горна порта“ кој ќе биде осветлен и хорти -
културно уреден. Ќе се чисти и ќе се разубавува со цвеќе и зеленило
и внатрешноста на Самуиловата тврдина.
Извор: www.ohrid.gov.mk |