Градоначалникот Никола Бакрачески , денеска го означи отворањето на пливачкиот базен во СРЦ „ Билјанини извори “ и почетокот на работата на Пливачката школа „ Делфина 2012 “ .
Ве повикувам , како и многупати досега , сите заедно да ја подигнеме свеста кај младите за спортување како услов за водење здрав живот и правилен психофизички развој . Со отворањето на пливачката школа , уверен сум дека ќе придонесеме , Охрид да го врати сјајот на водените спортови и како некогаш да имаме врвни пливачи - рече градоначалникот Бакрачески .
Тимот во пливачката школа , на чие чело е професорката Соња Думбалоска- Делова , го сочинуваат пливачки имиња кои што во деведесетите години нижеа врвни резултати на републички и меѓународни натпревари.
Минатата година над 200 деца научија да пливаат , а за годинава се пријавени 250 .
Тоа , како што беше речено на отворањето , дава надеж дека интересот за пливањето ќе се зголемува , а пливачката школа ќе прерасне во реномиран пливачки клуб.
Извор: www.ohrid.gov.mk |