На Неговата Еминенција Јан Хризостом кардинал Корец, во неговиот дом во
Нитра во Словачка , делегација на Трнавскиот самосправен крај предводена од
претседателот Тибор Микуш му ја врачи БЛАГОДАРНИЦАТА што ја додели
Општина Охрид на 19 јануари 2015 г., за ширењето на духовните и културните
вредности на св. Кирил и Методиј и на нивните ученици св. Климент и св. Наум
Охридски.
Благодарницата за кардинал Корец во Охрид ја прими Мартин Безак
амбасадор на Р. Словачка во Македонија во присуство на делегацијата на
Трнавскиот самосправен крај која присуствуваше на свеченостите по повод
празникот Богојавление - Водици.
Извор: www.ohrid.gov.mk |