Првата тура туристи од земјите на Бнелукс утрово со чартер лет на туроператорот „Корендон“ слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Сто и осумдесете туристи со традиционални македонски обичаи беа пречекани од претставници на општина Охрид , од компанијата ТАВ Македонија и од агенцијата „Фибула Травел“.
Раководителот на Секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолов во име на градоначалникот Никола Бакрачески им посака срдечно добредојде на првата тура гости од Холандија и Белгија.
-Ние како локална власт ќе направиме се што е наша обврска, гостите да бидат задоволни и да го доживеат Охрид како место кое повторно ќе го посетат, но и ќе го препорачаат на своите пријатели. Општина Охрид создава услови за привлекување поголем број странски туристи односно создава услови секој да може да го посети нашиов убав град. Од 14 јуни годинава од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ стартува директната авиолинија Охрид- Лондон а од 1ви јули Охрид -Базел и обратно. Авио компанијата „Wizzair“ која што по јавниот оглас на општина Охрид за субвенционирање на авио летови беше избрана за најповолен понудувач е обврзана во сите свои авиони на сите дестинации каде летаат , во печатените промотивни магазини на две страни да објавува промотивни содржини за Охрид“, изјави Апостолов.
Генералниот директор на ТАФ Македонија, Зоран Крстески најави дека чартер летови од земјите од Бенелукс ќе има до месец октомври годинава.
-Оваа година очекуваме со две компании со „Аркефлај“ и „Корендон“ да дојдат околу 20 000 туристи само од земјите на Бенелукс. Оваа година ке имаме дополнително летови за Лондон и Базел со виззаир со што очекуваме тој број на туристи да ја надмине бројката од 30 илјади патници. и Се на се очекуваме зголемен број на патници и на скопскиот и на охридскиот аеродром, пред се поради добрата соработка и со општинската власт и со владата на РМ, која го поттикнува туризмот во Македонија, истакна Крстески.
Директорот на „Фибула травел“,Асим Меџедовиќ вели дека годинава со подобра понуда се привлекуваат поголем број туристи.
-Оваа година имаме специјална програма, имаме многу новини за гостите од Холандија и Белгија, а тоа е воведувањето на услугата ал инклузив во некој од хотелите и исто така и хотели кои нудат повеќе различни и интересни содржини.
Што се однесува до резервациите со кои располагаме до сега, можам да кажам дека веќе имаме над 20 проценти зголемен интерес на туристи кои доаѓаат од Холандија и Белгија. Се надеваме дека тој тренд на зголемување ќе продолжи, вели Меџедовиќ.
Чартер летовите Амстердам-Охрид-Амстердам на двете компании Корендон и Аркефлај, почнуваат од овој месец, а ќе траат до октомври. Во овој период, од двете компании заедно, се очекува во Охрид да долетаат околу 130 авиони со холандски туристи.
На 10 мај на охридскиот аеродром ќе слета и првата група туристи на туроператорот „Туи Аркетравел“
Извор: www.ohrid.gov.mk |