Уште три дена преостануваат до завршувањето на јавниот повик за
финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2016
година. На повикот можат да конкурираат здруженија на граѓани, поединци и
институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација на вредности и
достигнувања од јавен интерес во различни области: култура, спорт,
образование, социјала, екологија, здравство и млади, традиционални
манифестации од локален, регионален, национален и меѓународен карактер и
различни видови активности на лица со посебни потреби.
Заинтересираните своите апликации можат да ги достават заклучно со
11.02.2016 година.
Пријавите со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на
адреса:
Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид со назнака за
„Јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на
општина Охрид за 2016 година“ или лично во архивата на општина Охрид.
Дополнителни информации во врска со јавниот повик може да се добијат на тел.
046/262-492 или 046/262-493 (Одделение за образование).
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ОПШТИНА
ОХРИД ЗА 2016 ГОДИНА
Извор: www.ohrid.gov.mk |