Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ДЕМАНТИРА ДЕКА СЕ ПОСТАВЕНИ РАМПИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД

Поради обидите на поедини медиуми да ја манипулираат јавноста со искривување на фактите кои се очигледни за сите кои го гледаат центарот на Охрид, а се однесуваат на паркинзите во градот, Локаланта самоуправа реагира на тенденцизното манипулирање во поедини гласила.
 
Дел од паркингот зад хотелот "Ривиера" е во приватна сопственост, поточно се работи за земјиште кое со процес на денационализација е вратено на физички лица.  
 
Сопствениците имаат склучено договор за изнајмување на оваа нивна сопственост ( која е дефакто дел од паркингот и е уредена како паркинг од пред повеќе децении ) на ЈП "Билјанини Извори". 
 
Прептријатието мораше да го изнајми просторот за да формира целосен паркинг без да се оградува внатре просторот. Со оглед на тоа дека се работи за паркинг кој е од повеќе сопственици и дека се работи за договор кој опфаќа интереси на повеќе договорни страни, поставена е рампа на влезот од паркингот,  но само на делот кој е опфатен со договорот, поточно на просторот каде се преплетува со приватната сопственост.
 
 Потенцираме дека не се работи за рампа поставена на улица туку се работи за рампа поставена пред приватен имот од повеќе сопственици кои согласно законот можат доколку сакаат да подигнат и ограда на својот личен имот. 
 
Вакви рампи пред приватен имот има и на паркингот кај зградата до католичката црква и на паркингот до зградата кај економското училиште, додека физичка препрека со синџир има пред повеќе згради во Охрид.
 
 Потенцираме дека улицата е слободна и останатите паркинзи се слободни и без рампи, согласно одлуката на Советот на општината. Власта во Охрид рампите од улиците по кои се одвива сообраќај ги испрати во историјата и тоа доследно се спроведува до денес.
 
Приватната сопственост е неприкосновена, без разлика каде се наоѓа, а во конкретниот случај ЈП "Билјанини Извори" со договорот кој го постигна со приватните сопственици постигна најдобро можно решение во дадената ситуација и успеа наместо оградување на приватната сопственост и подигање огради, просторот да остане паркинг на кој ќе има само рампа ( како што напоменавме, исто како што има рампи пред повеќе згради и паркинзи во центарот на Охрид кои се во приватна сопственост ), а паркингот остана една функционална целина која носи приход во презадолженото ЈП "Билјанини Извори".
 
Граѓаните на Охрид точно знаат дека никаде на улиците нема рампи и препреки и дека слободно се движат.
 
Што се однесува до барањето на партнер за инсталриање на електронска опрема за наплата и критиките на истите медиуми , може само да кажеме дека тоа е процес кој се води низ една транспарентна постапка која е јавна и на увид на целата јавност и дека и на тоа поле ставен е крај на времињата кога партиите, од поранешната коалиција која владееше со Охрид, склучуваа договори за паркинзи во директни спогодби и тоа само за месеците јуни , јули и август.
 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1324  пати
Објавено на: 22.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©