Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИЃАНИ ДА ГИ ОТСТРАНАТ ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ ОД ПЛАЖАТА САРАИШТЕ
Untitled Document

Општина Охрид, упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат  од брегот кај плажата „Сараиште“ со цел навремено средување на плажата  која како и мината така и оваа година се очекува да е посетена од бројни охриѓани и туристи.

Плажата „Сараиште“ беше средена минатата година по налог на градоначалникот Никола Бакрачески,  а на барање на жителите од стариот град. Делот од плажата наменет за сончање  доби нов песок, а беа поставени  и канти за отпадоци и  клупи за седење. На плажата  беа  поставени две туш- кабини и соблекувални за капачите. За уредувањето  и опремувањето на плажата  „Сараиште“  ангажирани беа  охридските јавни претпријатија. Претходно на просторот кај Сараиште  наменет за спортување,  Општина Охрид постави рефлектори и кош.

Од година во година плажата „Сараиште“  привлекува бројни посетители и капачи  пред се жителите од овој дел, но и  охриѓаните од останатите градски населби  кои уживаат во езерското синило и сончевите зраци.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1341  пати
Објавено на: 28.06.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©