Во организација на ПРЕЦЕДЕ програмата, а во соработка со Првата детска
амбасада во светот „Меѓаши“, ЈОУДГ„Јасна Ристеска“- Охрид заедно со
представници од МТСП, БРО и уште девет други градинки од Р. Македонија
вклучени во програмата, зеде учество на Меѓународна конференција во Белград
на 20-21.09.2014 година.
Конференцијата беше на тема: „Моќта на раниот детски развој во градењето на
мирот во Европа“, а предавачи беа истакнати експерти во областа на раниот
детски развој од Канада, Америка, Ирска, Холандија, Данска и др.,со кои по
пленарните седници имаше организирани работилници. Нашиот претставник
учествуваше на сл. работилници:
1.Употреба на персонализирани кукли и
2. Истражување и мониторинг
Конференцијата ја следеа учесници од Македонија, Србија, Хрватска, Црна
Гора,Албанија, Косово и Северна Ирска.
Извор: www.ohrid.gov.mk |