Советот на Општина Охрид на денешната 17-та седница го усвои Буџетот на општината за 2014 година кој е проектиран на 960.300.000 денариили 15, 6 милиони Евра, а беше усвоена и одлуката за негово извршување. На последната седница во оваа година беше прифатена и програмата за работа на Советот за 2014- та година.
Советниците ги прифатија и предложените програми за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2014-2016 година, за усвојување на програмата за заштита на животната средина и природата за 2014 година, за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2014 година,за уредување на градежно земјиште за 2014-2016 година, за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води 2014-2016 година, за изградба на системи за водоснабдување за 2014-2016 година, за изградба на сообраќајна сигнализација за 2014 година, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2014-2016 година, за други комунални услуги за 2014 година, за јавно осветлување за 2014-2016 год, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2014, за јавна чистота за 2014 година и за одржување и користење на јавни паркови и зеленило за 2014 година.
Беа прифатени развојните програмата за образование за 2014-2016 година, за култура за 2014 година, за детската заштита за 2014-2016 година, за невладини организации за 2014 година, за здравствена заштита за 2014-2016 година, за млади за 2014 година, за социјална заштита за 2014 година, за активностите на општина Охрид во областа на меѓународната соработка за 2014 година, за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2014 година, за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2014 година, за финансиските потреби на територијалната против пожарна единица Охрид за 2014 година, за одбележување на празници и манифестации во 2014 година, за работа на Советот на општина Охрид за 2014 година, за усвојување на Програмата за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2014 година, за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на општина Охрид за 2014 година, за работа на советот за заштита на потрошувачите за 2014 година и за управување со отпад на општина Охрид за 2014 година.
На седницата на Советот беа усвоени и програмите за работа во 2014 година на ЈП „Погребни услуги“, ЈП „Нискоградба “, ЈП „Билјанини Извори“, МЈП „Проаква“ Струга - РЕ „Водовод“ , ЈП „ Градски пазар“ , ЈП „Градски гробишта“ и на ЈП „Охридски Комуналец“, а беше донесе одлука за префрлање на правото на користење на две парцели на градежно земјиште кое го користеше ова јавно претпријатие.
Извор: www.ohrid.gov.mk |